ИЗЛЕГОЛ ОД ЗАТВОР ЗА ВИКЕНД И КРАДЕЛ НИЗ ВЕЛЕС Уапсен затвореник на КП Идризово

У.Ф. бил спроведен во установата и бил известен јавен обвинител, информира МВР.

56

Полициски службеници од СВР Велес синоќа го уапсиле У.Ф.(35) од Велес, кој се сомничи дека од двор на 54-годишен велешанец одзел разни предмети, информира МВР во билтенот.

При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен обвинител и против него ќе биде поднесена пријава, се вели во информацијата.






Поврзани содржини