МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Левица, СДСМ и ДУИ го попречуваат носењето на Изборниот законик

Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од десет точки се остварени, Македонија е прогласена за најуспешна држава во спроведување на Реформската агенда и тоа е признаено со средствата коишто ги добива од Европската Унија за спроведување на оваа Реформска агенда, вели пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во ТВ гостување.

76

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој на самиот почеток истакна дека Македонија успешно ја спроведува Реформската агенда, посочувајќи дека, според оценките на Европската Унија, се реализирани девет од десет предвидени точки, а земјата е оценета како најуспешна во нејзината имплементација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. МИА интегрално го пренесува соопштението на партијата.

– Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од десет точки се остварени, Македонија е прогласена за најуспешна држава во спроведување на Реформската агенда и тоа е признаено со средствата коишто ги добива од Европската Унија за спроведување на оваа Реформска агенда, ние рековме дека Реформската агенда не се спроведува само заради средствата коишто се добиваат туку за усогласување со европското законодавство и подигање на стандардите, кога станува збор за управување со јавни финансии, за отчетност, реформи во судството – рече Лефков.






Лефков посочи дека дел од опозициските партии ги менуваат своите ставови во однос на измените на Изборниот законик и се обидуваат да го попречат процесот и истакна дека предложениот модел на гласање веќе функционира во голем број земји членки на Европската Унија и ги обвини СДСМ, ДУИ и Левица дека преку политички спинови се обидуваат да создадат отпор кон предложените решенија.

– Гледаме од опозицијата и од СДСМ и од Левица менување на нивните ставови и обид за блокирање, од 27 земји членки во Европската Унија, околу дваесеттина го имаат истиот систем на гласање, не станува збор за нешто коешто е непроверено, коешто не функционира во светот, апсолутно значи приклучок кон она коешто го работат современите демократи. Секој од овие опозициони партии ДУИ, СДСМ, и Левица почнувајќи од свои сопствени стравови, играјќи за една мала нивна публика, се обидува да ја спинува темата околу Изборниот законик, и да наоѓа безброј различни начини како да го саботира овој процес – дециден е Лефков.

Поврзани содржини