📽️ ХАОС ВО ЛАВОВ ПОРАДИ МОБИЛИЗАЦИЈАТА Демонстранти блокираа воено возило, извикуваа „Срам!“

Судирот околу регрутацијата во градот Лавов во Украина прерасна во голем инцидент. Властите најавија две одделни истраги по протестите.

30

Тензии околу мобилизацијата избувнаа во украинскиот град Лавов. Десетици граѓани опколиле возило на Територијалниот центар за регрутирање и спречиле приведување на едно лице. Инцидентот предизвика остри реакции од украинските власти, кои најавија истраги и за постапките на воените службеници и за граѓаните кои ги попречувале.

Според официјалните информации, спорот започнал кога службеници за мобилизација идентификувале маж роден во 1996 година кој бил баран поради прекршување на правилата за воена регистрација. Тој подоцна бил однесен на воено-медицински преглед.






„Срам!“

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат десетици луѓе како го опколуваат возилото на службата за регрутација, скандирајќи „Срам!“.

Според очевидци, демонстрантите тврделе дека службениците се обиделе да приведат две лица. Едниот бил однесен, додека вториот останал на местото по реакцијата на насобраните граѓани.

На снимките може да се забележи и оштетено службено возило со издувани гуми и оштетен преден дел.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pepo Politika (@pepo.politika)

Киев испрати остра порака

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, порача дека нападите врз припадници на армијата се неприфатливи.

– Ако денес ги напаѓате војниците од сопствената армија, размислете кој ќе ве штити утре од непријателската армија – порача тој.

Слична реакција стигна и од Министерството за одбрана, кое оцени дека ваквите инциденти директно ѝ одат во прилог на Русија и ја поткопуваат одбранбената способност на Украина.

Ќе се проверуваат и војниците и демонстрантите

Регионалните власти во Лавов соопштија дека ќе бидат проверени сите околности околу случајот.

Ќе се утврдува дали граѓаните незаконски ги попречувале службените лица, но и дали воените службеници постапувале согласно прописите за време на мобилизациската постапка.

Украинскиот Генералштаб потврди дека е отворена и внатрешна проверка за постапувањето на припадниците на Територијалниот центар за регрутирање.

Поврзани содржини