📷 МИЦКОСКИ ЈА ПОСЕТИ ФАБРИКАТА КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ Работна обиколка на Индустриската зона Жабени
Премиерот Мицкоски имаше можност од прва рака да се запознае со производствените процеси на компанијата, оперативните стандарди и важната улога што вработените ја имаат во секојдневното работење на фабриката.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, за време на работната посеета на Битола, ги посети и производствените погони на фабриката Кромберг и Шуберт, лоцирани во Индустриската зона Жабени.
Во рамки на посетата, делегацијата ги обиколи производствените капацитети. Премиерот Мицкоски имаше можност од прва рака да се запознае со производствените процеси на компанијата, оперативните стандарди и важната улога што вработените ја имаат во секојдневното работење на фабриката.
Освен со менаџерскиот тим, Мицкоски, директно разговараше со вработени вклучени во производствениот процес. Разговорите беше фокусиран на индустриските приоритети, вработувањето, условите за работа, развојот на техничкиот кадар, можностите за стручно напредување и слично. На посетата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски
За време на средбата беше истакнато дека фабриката во Битола продолжува да работи успешно. Овој напредок уште еднаш ја потврдува важноста на фабриката Кромберг и Шуберт во Битола како составен дел од глобалната производствена мрежа на Кромберг и Шуберт, и како значаен фактор за македонската економија, извоз и пазар на труд.



