СДСМ МАНИПУЛИРА СО ЕКОНОМСКИТЕ ПОДАТОЦИ Сепак, тоа не може да ги сокрие резултатите на оваа влада

СДСМ зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДСМ и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

62

СДСМ манипулира со економските податоци, но лагите на СДСМ не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради – реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

„СДСМ манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. Очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност.






СДСМ зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДСМ и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи.

Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства таму каде што се најпотребни и одговорно управува со јавните финансии. Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус.

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници.

Заврши времето на СДСМ и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДСМ и ДУИ. СДСМ да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Граѓаните добро знаат дека СДСМ и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДСМ треба да понуди аргументи и да преземе одговорност за сопствените погрешни политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини