ЌЕ СЕ ВОВЕДУВА „УАН СТОП ШОП“ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА Николоски најави и нов железнички граничен премин со Србија

Во железничкиот сектор ќе се реализира и најголемиот проект - брзата пруга, за кој документацијата е подготвена и се очекува во предвидениот рок да почне да се гради.

2

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најави дека ќе се воведе one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција.

– Уште еден проект, кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне за Гевгелија, а тоа е дека воведовме one stop shop на железничката станица меѓу Македонија и Грција, што значи дека карго-возовите веќе не треба двапати да застануваат кога доаѓаат наваму, туку имаат само едно застанување- рече Николоски.






Тој додаде дека се работи и на втор граничен железнички премин со Србија.Во моментот работиме на заеднички железнички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот. Тука и е нашиот најголем проект за брза пруга, таму одлично оди подготовката на документација и очекувам во текот на летото сите документи да бидат завршени – додаде Николоски.

Според вицепремиерот, реализацијата и на брзата пруга се очекува да биде во предвидениот рок. 

Поврзани содржини