ЏАСТИН БИБЕР ЌЕ ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА МАДОНА, ШАКИРА И БТС НА ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ Познати се ѕвездите што ќе настапат на полувремето од финалето на Мундијалот

Џастин Бибер се придружи на списокот со ѕвезди кои ќе настапат на полувремето и ќе го затворат Светското првенство во фудбал 2026 во Њујорк.

29

Финалето на Светското првенство оваа година за прв пат ќе биде придружено со шоу на полувремето, а покрај Шакира, Мадона и јужнокорејската група BTS, своето појавување сега го потврди и канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер.

– Светското првенство го поврзува светот на начин на кој ништо друго не може. Благодарен сум што сум дел од овој настан, а уште позадоволен сум што тој помага да се прошири пристапот до образование за децата ширум светот – коментираше Бибер за своето учество.






Покрај гореспоменатите, за време на шоуто на полувремето ќе настапат и нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, бендот Колдплеј и хор од основно училиште во Њујорк, објави фондот Global Citizen Education кој заедно со ФИФА, е одговорен за шоуто на полувремето, а собраните средства ќе бидат донирани за образование на децата ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@lilbieber)


Настанот ќе го води Крис Мартин од „Колдплеј“, кој ќе ги претстави и познатите ликови од „Мапет шоу“ и „Улицата Сезам“. Финалето ќе се одржи на 19 јули на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд, Њујорк. Шоуто на полувремето ќе потсетува на годишниот Супербоул, финалето на НФЛ во американски фудбал, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе изјави дека шоуто ќе биде „сигурно најголемата сцена досега, со неколку милијарди гледачи“.

Поврзани содржини