ИЗЈАВИТЕ НА МАЃАР НЕ СЕ ДОБРА ВЕСТ ЗА БУГАРИЈА Бугарски професор алармира по најавената унгарска поддршка за Македонија

Пораките на новиот унгарски премиер за забрзување на евроинтеграциите на Западен Балкан предизвикаа реакции во Бугарија

679

Ставот на новиот унгарски премиер Петер Маѓар кој отворено се заложи за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан не е добра вест за Бугарија. Вака смета Спас Ташев, професор по национална безбедност и директор на одделот „Демографија“ во Бугарската академија на науките (БАН).

– Разговарав со бугарски европратеници кои ми кажаа дека го информирале Маѓар за бугарската позиција и за суштината на проблемите во Скопјe. Бидејќи тој продолжува да ги повторува истите тези, очигледно е во прашање свесно политичко однесување – вели Ташев во интервју за бугарски „Телеграф“.






Според него, изјавите на Маѓар треба внимателно да се разгледаат.

– Тие се дел од пошироко прегрупирање на влијанието на Балканот, во кое Северна Македонија станува поле на конкуренција помеѓу различни геополитички центри кои би сакале да имаат свој Тројански коњ во Европа. Ова не се добри вести ниту за Бугарија, ниту за Европската Унија. Европа тешко може да биде силна во странство ако дозволува такви линии на поделба во себе – заклучува основачот и прв директор на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во одговорот на прашањето „Како го толкувате ставот на унгарскиот премиер Маѓар дека Северна Македонија неправедно е забавувана на нејзиниот пат кон ЕУ?“.

Претседателката Гордана Силјановска, која денеска учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО во Анкара, имала подолг разговор со Маѓар, кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно ја поддржува Македонија и оти е неминовно, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија.

Поврзани содржини