ПОЧИНА ПРОФЕСОРОТ ДЕНКО СКАЛОВСКИ Зад себе остави генерации студенти и богато научно дело

Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на професорот Аксел Хонет.

124

Филозофскиот факултет Скопје со длабока тага ја известува академската и пошироката јавност дека почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија.

Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград.






Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“.

Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на професорот Аксел Хонет.

Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот.

Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12.00 до 13.00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот.

„Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имаа чест да соработуваат со него. Нека почива во мир“, се вели во соопштението на Филозофскиот факултет.

Поврзани содржини