КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА БРУТАЛНОТО ТЕПАЊЕ НА ДЕВОЈЧЕТО ВО АЕРОДРОМ Ќе одговараат четири деца и петмина родители

Кривичните дела кои им се ставаат на товар на пријавените се: „насилство“, „поттикнување“, „неовластено снимање“, како и „запуштање и малтретирање дете", сите казниви според Кривичниот законик.

246

СВР Скопје соопшти дека целосно го расчистил случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот, кога во парк во општина Аеродром 12-годишно девојче беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.

„Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство”, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување” предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање” предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање” предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете” предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик“ – соопшти СВР Скопје.






📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) „ЌУТЕТЕ ДА СЛУШНЕМЕ КАКО ЌЕ ПУКА“ Девојче клекнато на колена додека други девојчиња го удираат и влечат за коса

 

Поврзани содржини