ИНЦИДЕНТИ ПРЕД ВАРДАР – КУПС Навивач нападнал полицаец, уште двајца приведени

Пред почетокот на дуелот меѓу Вардар и КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите, едно лице нападнало полицаец, а уште двајца биле приведени поради недолично однесување на спортски натпревар.

0

Натпреварот меѓу Вардар и финскиот КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите, кој заврши со пораз на македонскиот шампион од 0:2, беше одбележан и со неколку инциденти пред арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година околу 19 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. (26) од Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија во пресрет на натпреварот.






Покрај него, поради прекршување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, биле приведени и Д.Б. (24) од селото Агино Село, кумановско, како и А.П. (25) од селото Миладиновци, скопско.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини