СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ПАТРОЛИРААТ ВО ОХРИД Заеднички патроли до 31 август
Одлуката ја соопшти СВР Охрид, по работен состанок со македонското министерство за внатрешни работи.
Српски полицајци од утре, па сè до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција ќе патролираат низ Охрид во рамки на заедничките активности за време на летната туристичка сезона.
Одлуката ја соопшти СВР Охрид, по работен состанок со македонското министерство за внатрешни работи и со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија.
„Заедничките мешовити патроли ќе придонесат за зголемена безбедност на граѓаните како и на српските туристи кои во голем број ги поминуваат своите годишни одмори во Охрид. Во текот на патролите, српските полицајци ќе постапуваат во согласност со националното законодавство на РСМ, нема да носат оружје и ќе даваат поддршка на македонските полициски службеници. Српските полицајци, пред утрешното официјалното отпочнување со работа, беа информирани со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција“, се наведува во соопштението.