МАРИН ЛЕ ПЕН Е ОСУДЕНА НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР Може да се кандидира за претседател, ама под еден услов

Иако судот ја скрати нејзината забрана за кандидирање и со тоа потенцијално ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, беше пресудено дека таа мора да ја отслужи затворската казна,

111

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата за измама против Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарската партија Национален собир, што ја доведува во прашање нејзината кандидатура на претседателските избори во 2027 година. Иако судот ја скрати нејзината забрана за кандидирање и со тоа потенцијално ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, беше пресудено дека таа мора да ја отслужи затворската казна, пишува Euronews.

Ле Пен беше осудена на три години затвор, од кои две години се условни, и ќе мора една година да остане дома и да оси електронска нараквица. Судот ѝ одреди и  казнета од 100.000 евра. Тоа значи дека, барем засега, таа формално не е спречена да се кандидира.






Одлуката доаѓа откако Ле Пен претходно изјави дека нема да се кандидира за претседател доколку мора да носи електронска нараквица.

Минатогодишната првостепена пресуда ја прогласи Ле Пен, заедно со 24 поранешни европски претставници, асистенти и сметководители и самата партија, за виновна за водење систем на проневера.

Тие беа обвинети дека ги користеле средствата на Европскиот парламент за вработување на персоналот на Националното собрание во Франција од 2004 до 2016 година. Во тоа време, таа беше осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција и четири години затвор, од кои две беа условни, по што таа поднесе жалба со уште десет други обвинети.

Ле Пен го нарече процесот „лов на вештерки“, а некои од нејзините поддржувачи испратија смртни закани до судиите.

За време на жалбената постапка, таа негираше дека нејзината партија има систем за проневера на средствата од Европскиот парламент, тврдејќи дека партијата дејствувала „со целосна добра намера“.

Од друга страна, обвинителите инсистираа на тврдењето дека таа го „професионализирала“ начинот на пренасочување на средствата од ЕУ. Тие изјавија дека системот бил случајно воведен од нејзиниот покоен татко и коосновач на партијата Жан-Мари Ле Пен, а таа го подобрила откако ја презела функцијата од него во 2011 година.

Поврзани содржини