ПИШТОЛ И ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПАНИКА ВО ЗЕЛЕНИКОВО Приведен млад жител на Страхојадица, има и нападнато лице

Инцидентот се случил кај железничката станица во Зелениково, а во истиот настан едно лице било и физички нападнато. За случајот е известен јавен обвинител.

79

Дваесет и двегодишен жител на скопското село Страхојадица е приведен поради сомнение дека со пиштол им се заканувал на повеќе лица кај железничката станица во Зелениково, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, полициски службеници на 6 јули го лишиле од слобода В.И. (22), откако претходно било пријавено дека вечерта на 5 јули, околу 21:10 часот, додека бил во друштво со Е.Б. (24), исто така од селото Страхојадица, упатувал закани со пиштол кон И.М. (41) и уште неколку други лица.






Во истиот инцидент, според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал 35-годишниот Н.Н.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини