📷 ЕМОТИВНИ ФОТОГРАФИИ НА КЕЈТ МИДЛТОН, ВИЛИЈАМ И НИВНИТЕ ДЕЦА Принцезата и нејзиниот физичкиот подвиг за подигање на свеста за важноста на сеопфатната грижа за пациентите со рак
Пред една недела принцезата од Велс успешно го заврши еден од најсложените планинарски предизвици во Велика Британија за собирање средства за болницата каде што се лекуваше од рак. За само 24 часа, Кејт Мидлтон ги освои трите највисоки врвови на Шкотска, Англија и Велс, а на целта беше пречекана од целото нејзино семејство.
На Инстаграм профилот на принцот и принцезата од Велс се споделени емотивни фотографии на кои се овековечени трогателните моменти по завршувањето на исклучително тешкиот физички подвиг на принцезата Кејт Мидлтон која минатата денела ги освои трите највисоки врвови во Велика Британија.
Таа успешно заврши еден од најсложените планинарски предизвици „Three Peaks“ чија цел е собирање средства за болницата каде што и самата се лекуваше од рак и подигање на свеста за важноста на сеопфатната грижа за пациентите со рак, нагласувајќи дека борбата против сериозната болест бара многу повеќе од само лекови.
За само 24 часа, Кејт Мидлтон ги освои трите највисоки врвови на Шкотска, Англија и Велс, а на целта беше пречекана од целото нејзино семејство.
На една од фотографиите принцезата од Велс е во цврста прегратка со принцот Вилијам, а особено се емотивни фотографиите со нејзините деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
– Минатата недела, по завршувањето на националниот предизвик „Три врвови“. Огромна благодарност до сите што ја поддржаа добротворната организација „Кралскиот Марсден за борба против ракот“ – напиша Кејт покрај објавата.
Најтрогателната фотографија ја прикажува принцезата во прегратка со нејзината ќерка Шарлот.
Кејт го заврши предизвикот сама, со поддршка од спасувачката служба по должината на рутата, додека нејзиното семејство ја пречека на последната станица, во подножјето на Сноудон во Велс. Ова е предизвик кој вклучува околу 37 километри пешачење, повеќе од 3.000 метри искачување и стотици километри возење помеѓу врвовите. Тимот на Кејт ја одвезе принцезата од Шкотска преку Англија до Велс, а според британските медиуми, се верува дека ниту еден член на кралското семејство пред неа не го завршил овој предизвик.
Во лична порака, принцезата нагласи дека дијагнозата на рак не влијае само на телото, туку го менува и начинот на кој човекот размислува, чувствува и живее. Таа додаде дека закрепнувањето и животот по третманот бараат не само медицинска нега, туку и поширока поддршка.
– Не го прифатив овој предизвик само како физички предизвик, туку како можност да зборувам за животот по дијагнозата и да ѝвозвратам на заедницата – рекла таа.
View this post on Instagram