СЕВЕРИНА ПОЗИРАШЕ ВО ЖЕШКИ ПАНТОЛОНЧИЊА Пејачката беше ѕвезда на вечерта во уште една добитна комбинација

Жешки панталончиња, кристали и корсет беа добитна комбинација за Северина, која беше ѕвезда на вечерта на отворањето на нов клуб на плажа во нејзиниот Сплит.

290

Познати лица од хрватската забавна индустрија се собраа на свеченото отворање на нов клуб на плажа во рамките на одморалиштето Le Méridien Lav покрај Сплит, што го означи почетокот на уште една летна сезона на хрватското крајбрежје. Вечерта беше обележана со добра музика, елегантна атмосфера и бројни гости од јавниот живот, а Северина привлече најголемо внимание и со својот експлозивен настап ја крена атмосферата.

Популарната пејачка се качи на сцената во впечатлив моден изглед кој не остана незабележан. Комбинацијата од искината бела маица преку блескав корсет, кратки тексас шорцеви украсени со синџирчиња и кристални детали и бели сандали ја истакнаа нејзината витка фигура и препознатлив моден стил. Таа го надополни својот изглед со големи обетки и гламурозна фризура.






За време на настапот, Северина ги изведе своите најголеми хитови, а публиката ја пееше заедно со неа речиси секоја песна.

Пред настапот, пејачката позираше за фотографите на терасата на одморалиштето со поглед на морето и јахтите и уште еднаш покажа зошто се смета за една од најдобро облечените регионални ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Северина ги сподели фотографиите и на Инстаграм, а сите беа воодушевени од тоа како изгледа на 55 години.

Поврзани содржини