ШЕФОТ НА ФИФА ВЕЛИ ДЕКА ДОБИЛ ПОВИК ОД ТРАМП, НО СЕ ОГРАДИ Тврди дека немал влијание врз одлуката за Балогун

Откако Трамп јавно призна дека побарал преиспитување на картонот за американскиот напаѓач, сега се огласи и Џани Инфантино. Првиот човек на ФИФА вели дека добил повик од американскиот претседател, но тврди дека независните тела самостојно одлучувале за случајот.

396
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за првпат јавно се огласи по бурата што ја предизвика укинувањето на суспензијата на Фоларин Балогун. Тој потврди дека разговарал со претседателот на САД Доналд Трамп за време на постапката, но категорично негира дека имал какво било влијание врз одлуката што го потресе фудбалскиот свет.Изјавата доаѓа само неколку часа откако Трамп откри дека лично побарал повторно разгледување на црвениот картон што американскиот репрезентативец го заработи против Босна и Херцеговина.

„Добив повик од Трамп“

Инфантино не го негираше контактот со американскиот претседател.

– Редовно разговарам со претседателот за прашања поврзани со Светското првенство. Во овој случај добив повик од Доналд Трамп, исто како што добивам повици од други шефови на држави, фудбалски работници и бизнисмени од целиот свет – изјави Инфантино.

Според него, за време на разговорот му објаснил на Трамп дека случајот се наоѓа пред независни тела на ФИФА.

– Им објаснив дека се водат судски постапки и дека тие ќе одлучат. Така функционира ФИФА – рече тој.

📽️ ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ФУДБАЛЕР, УЕФА ГО КРЕНА АЛАРМОТ Укинувањето на картонот за Балогун ја премина црвената линија

„Немам никаква врска со одлуката“

Првиот човек на светскиот фудбал неколкупати повтори дека не учествувал во процесот на одлучување.

– Судските тела на ФИФА се независни, дејствуваат автономно и одлуките ги носат врз основа на фактите и правилниците. Нивната независност е клучна за интегритетот на фудбалот – нагласи Инфантино.

Тој дури откри дека одлуките на Дисциплинската комисија ги чита кога ќе бидат официјално објавени.

– Понекогаш ме изненадуваат, понекогаш се согласувам со нив, а понекогаш не. Но секогаш ги почитувам – рече претседателот на ФИФА.

УЕФА веќе го крена алармот

Изјавата на Инфантино доаѓа во момент кога УЕФА веќе жестоко ја нападна ФИФА поради случајот „Балогун“.

Од Нион порачаа дека со ваквата одлука е помината „црвената линија“ и дека интегритетот на натпреварувањето е доведен во прашање.

Дополнителна тежина на целата приказна ѝ даде и признанието на Трамп дека лично побарал преиспитување на случајот.

Од црвен картон до глобален скандал

Контроверзата започна по натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина, кога Фоларин Балогун доби директен црвен картон по опасен старт врз босанскиот дефанзивец Тарик Мухаремовиќ.

Подоцна ФИФА ја преиначи санкцијата и наместо автоматска суспензија му изрече условна казна, со што му овозможи настап во осминафиналето против Белгија.

Поврзани содржини