ГРЦИЈА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА 2.000 прехранбени производи остануваат со иста цена цело лето

Од септември се очекува да биде претставен нов пакет мерки, кој ќе биде дел од национален договор со бизнис-секторот за понатамошно намалување на ценовните притисоци.

232

Грчката влада се договори со големите трговски синџири и производителите на храна во текот на летните месеци да нема нови поскапувања  Мерката, како што објавија грчките медиуми  е дел од напорите за ограничување на инфлацијата која според последните податоци изнесува 3,9%.

Во договорот се вклучени околу 2.000 производи за широка потрошувачка, чии цени веќе беа намалени во претходниот период. Просечното намалување изнесува околу 6%, како резултат на строгото спроведување на мерката за ограничување на профитот што беше воведена како итен чекор, а која истече на 30 јуни.






Владата најавува дека ова е само прв чекор во пошироката стратегија за намалување на трошоците за живот. Од септември се очекува да биде претставен нов пакет мерки, кој ќе биде дел од национален договор со бизнис-секторот за понатамошно намалување на ценовните притисоци.

Со овие мерки се обидуваат да го ублажат влијанието на инфлацијата, да ја зачуваат куповната моќ на граѓаните и да обезбедат стабилни цени во периодот кога потрошувачката традиционално е највисока поради летната туристичка сезона.

Поврзани содржини