ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ • БЕЛАТА КУЌА ТЕЛЕФОНИРАЛА ДА СЕ СМЕНИ ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН!? Дали политиката имала улога во поразот на Босна и Херцеговина?

Иако извори од ФИФА упорно инсистираат дека Белата куќа немала никакво влијание врз конечнааааата одлука, времето и редоследот на настаните покренуваат сериозни сомнежи за регуларноста.

134

Шокантни информации за директен политички притисок врз самиот врв на светскиот фудбал, во врска со натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и САД, беа објавени во јавноста.

Како што тврди познатиот спортски новинар Бен Џејкобс, Белата куќа го контактирала претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи итна ревизија на црвениот картон што го доби репрезентативецот на САД, Фоларин Балогун, на натпреварот против Босна и Херцеговина.






Иако извори од ФИФА упорно инсистираат дека Белата куќа немала никакво влијание врз конечниот исход и дека Независната дисциплинска комисија имала целосна автономија при донесувањето на одлуката, повикувајќи се на член 27, времето и редоследот на настаните покренуваат сериозни сомнежи за регуларноста.

Веднаш откако ФИФА официјално ја поништи суспензијата, американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Tрут соушл“, упатувајќи директна благодарност до управното тело на фудбалот:

„Ви благодарам ФИФА што го направивте вистинското нешто и што исправивте голема неправда!“, напиша Трамп.

Да потсетиме дека американскиот напаѓач Фоларин Балогун прво постигна гол за својот тим, а потоа заработи директен и целосно оправдан црвен картон.

По деталната проверка на ВАР-системот, судијата Рафаел Клаус го испрати Балогун во соблекувалната поради катастрофален и исклучително опасен старт кој речиси му го скрши зглобот на босанскиот дефанзивец Тарик Мухаремовиќ.

Самиот Балогун се обиде да го оправда својот потег по натпреварот, изјавувајќи: „Немав каде да одам со ногата, жолт картон ќе беше пофер“.

И покрај сериозноста на прекршокот, ФИФА донесе одлука што го шокираше фудбалскиот свет. Со примена на член 27 од Дисциплинскиот правилник (FDC), автоматската суспензија за Балогун беше одложена и претворена во условна казна (пробен период) во траење од една година.

Балогун сега е целосно слободен и ќе биде достапен за тимот на САД за осминафиналниот натпревар против Белгија.

Американските медиуми веднаш побараа оправдување за овој потег, наведувајќи го минатогодишниот пример со Кристијано Роналдо. Португалецот помина низ идентичен процес во квалификациите против Република Ирска – неговата првична забрана од три натпревари беше намалена, а суспензијата беше одложена на пробен период од една година.

На социјалните мрежи се појавија и шеговити коментари за целата ситуација, како и АИ-генерирани монтажи:

 

Поврзани содржини