РОНАЛДО ОБЈАВИ ДЕКА ОВА МУ Е ПОСЛЕДНО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО До следното првенство ќе се пензионира?

Сакам да уживам во моментот колку што е можно повеќе, бидејќи ова ќе биде моето последно Светско првенство, да. Но, се надевам дека утрешниот натпревар нема да биде мој последен на ова Светско првенство - рече тој категорично.

48

Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за в понеделник, Роналдо застана пред медиумите. За време на прес-конференцијата, 41-годишниот напаѓач ја искористи можноста да стави крај на сите шпекулации за неговата иднина со репрезентацијата.
– Сакам да уживам во моментот колку што е можно повеќе, бидејќи ова ќе биде моето последно Светско првенство, да. Но, се надевам дека утрешниот натпревар нема да биде мој последен на ова Светско првенство – рече тој категорично.

Суперѕвездата коментираше и за неговата напредна фудбалска возраст и за темата за неговото пензионирање воопшто. Важно е да се напомене дека Португалија се потпираше на Роналдо како стартер во сите четири натпревари од почетокот на кампањата, при што беше заменет само еднаш.






– Секогаш сум посветен, со тело и душа, да му помогнам на националниот тим. Без разлика дали играм или не, секогаш ќе имам важна улога. Ќе се пензионирам кога сакам јас. Губење време е постојано да го одговарам ова прашање. Не сакам да привлекувам внимание кон тоа – рече Роналдо.

Поврзани содржини