ПОЖАРОТ КАЈ РАМПА ЛОКАЛИЗИРАН, ЕДЕН ПОЖАРНИКАР Е ПОВРЕДЕН Во инцидентот нема жртви, но направена е материјална штета

Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку.

320

Со интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, за еден час ставен под контрола и локализиран е пожарот во магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода – соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа. Нема жртви, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.






– Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку – рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

На местото на пожарот беа повеќе пртивпожарни коли и едно амбулантно возило, а се сечеа и дрвја во околината.

Градоначаникот на Скопје Орце Ѓеоргиевски во статус на фејсбук се заблагодари на пожарникарите.

„Благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран. Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија. Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност“ – напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.

📷 ПОЖАР НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР ВО КИСЕЛА ВОДА! Од запалениот објект се слушаат пукотници!?

 

Поврзани содржини