ХАОС ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА Колони возила на Евзони, се чека и по 2 часа
Единствената светла точка за возачите што ја преминаа границата рано утрово е кружниот пат околу Солун. Спротивно на очекувањата и работите што се одвиваат со месеци, сообраќајот утрово се одвива сосема нормално, без застои и поголеми гужви.
Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритична e ситуација е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила се приклучи на Македонската страна од границата.
Според информации од луѓе кои чекаат за влез во Грција преку Евзони на преминот се чека околу 2 часа. Ситуацијата е слична и на Дојран, каде што се потребни околу 100 минути за излез од земјава.
Единствената светла точка за возачите што ја преминаа границата рано утрово е кружниот пат околу Солун. Спротивно на очекувањата и работите што се одвиваат со месеци, сообраќајот утрово се одвива сосема нормално, без застои и поголеми гужви.
Оние, пак, што во Грција влегле ноќеска велат дека грчките бидејќи грчките граничари не применуваат ригорозни проверки на EES системот (систем за влез/излез) ноќе, што значително го забрзува протокот на сообраќајот.
На возачите кои се подготвуваат за пат им се препорачува да бидат многу внимателни, да имаат подготвено залихи со вода и да ја следат ситуацијата на граничните премини.