БЕЗ ПОМПА ЌЕ СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ВИСОКИТЕ МАРЖИ НА ХРАНАТА Засега не се откриваат трговците кои профитирале

Вчера премеирот Христијан Мицкоски откри дека во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5% и дека трговците ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво. 

58

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања.

Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се одржат средбите.

-Не би сакал јас сега да спомнувам имиња. Тоа коешто мислам да го кажам, ќе го кажам во четири очи – рече тој.

Како што рече тој, неговиот пристап е проблемите да се решаваат преку отворена и директна комуникација со засегнатите страни.

-Во принцип, сум кажал за овие работи, не сакам да правам естрада. Дискутирам отворено, директно, во четири очи. Сакам и од таа страна да ги слушнам аргументите и да ги презентираме нашите наоди – рече премиерот.

Вчера Мицкоски откри дека во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5% и дека трговците ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво.

Поврзани содржини