МОМЧЕ СО ТРОТИНЕТ УЧЕСТВУВАЛО ВО СООБРАЌАЈКА, ПА ПОБЕГНАЛО? Се судрило во Чаир со мопед и со „ауди“

Во несреќата тешко е повреден 23-годишниот возач на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде му беа констатирани тешки телесни повреди.

511

Тешка сообраќајна несреќа се случи во петокот на улицата „Ферид Мурати“ во скопската населба Чаир, каде се судрија автомобил „Ауди“, мопед и електричен тротинет.

Во несреќата тешко е повреден 23-годишниот возач на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде му беа констатирани тешки телесни повреди.






Возачот на електричниот тротинет, кој исто така учествувал во несреќата, избегал од местото и полицијата работи на негово пронаоѓање.

Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини