МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВ МИНИСТЕР Стоиљковиќ објави дека нема да биде во реконструираната влада

Според најава од партијата „Вреди“ Министерство за односи меѓу заедниците ќе добие министер-Албанец.

420

Во објава насловена: „Наместо конференција за печат” Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, открива една сигурна промена во владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоиљковиќ вели дека е извесно дека тој заминува од владата на Мицкоски без да даде повеќе детали. Стоиљковиќ вели дека за две години успеал за три пати да ги намали трошоците кои ги наследи од Артан Груби.






Според најава од партијата „Вреди“ ова Министерство ќе добие министер-Албанец.

,,Пред веќе извесното заминување од МОЗ нека остане забележано дека од „сива зона“ на системот денеска Министерство со нова систематизација средено и организирано го оставам на мојот наследник.

Од многуте работи би сакал да потенцирам две:

Првата, која се однесува на целосно кратење на ненаменските трошења на буџетски средства. На пример. Буџетот на МОЗ во 2021 година изнесувал 577.780.000 денари, во 2026 година Буџетот на МОЗ изнесува 173.500.000 денари, односно во споредба со 2021 година е намален за 3 пати.

Притоа, без оглед на смалувањата реализирани сите програми, плус воведена е нова програма. Ова значи кратење на средства кои претходно биле користени за т.н. „коруптивни” цели и дека повеќе нема трошење пари на граѓаните за фиктивни јавни набавки, на пример, за угостителски услуги, за консултантски услуги, сомнителни договори за дело, исплата на додатоци за плата и на К-15 на лица кои не одат на работа итн.

Втората работа е целосно затворање на Програмата К-5. До доаѓање на оваа Влада поранешниот министер, злоупотребувајќи ги недоследностите во законската регулатива и т.н. балансер, функционирале по принципот “седи дома и земај плата”, на пример во 2021 година станува збор за повеќе од 1500 лица кои земале пари од граѓаните и не оделе на работа.

Со Буџетот од 2026 година процесот на прераспределба на административните службеници е целосно завршен, а Програмата К-5 е укината. Така да во овој момент завршено е со пристапот “седи дома, земај плата” и рационализиран е бројот на вработените во МОЗ“- пишува Стоиљковиќ во својата објава.

Поврзани содржини