СИЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОДНОСИ СО ТУРЦИЈА МОРА ДА СЕ ПРЕТОЧАТ ВО УШТЕ ПОСИЛНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА Министерот Муцунски на форумот во Истанбул

Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните, напиша Муцунски на Фејсбук.

28

Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција.

Муцунски имаше обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји.






– Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати. Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите. Посилната економска соработка не е важна само за нашите две држави. Таа значи поголема поврзаност, поголема конкурентност и повеќе можности за развој на целиот регион, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Поврзани содржини