ОСУМ МРТВИ ВО ДВЕ НЕСРЕЌИ НА УНГАРСКИ АВТОПАТ Едната несреќа предизвикала друга

Камион удрил во возило за одржување на патиштата, по што се створила колона, па минибус со 9 патници удрил во застанатите возила.

77

Осум лица загинаа, а две се повредени во две тешки поврзани сообраќајни несреќи што се случија рано утрово на автопатот М1 во западна Унгарија, соопшти тамошната полиција.

Минибус со девет патници удрил во камион кој се наоѓал во сообраќаен метеж предизвикан од претходна несреќа во близина на Ѓер, околу 122 километри западно од Будимпешта, јавува Ројтерс.






Трагедијата, во која загинаа седум лица, следеше по претходен судир на истиот дел од автопатот, во кој камион удрил во возило за одржување на патиштата. Едно лице загина во таа несреќа, а сообраќајот се забави и се формираше колона.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави на Фејсбук дека меѓу жртвите има и странски државјани.

„Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите“, напиша тој.

Маѓар не ја прецизираше националноста на жртвите, а полицијата не одговори веднаш на прашањето на Ројтерс за нивниот идентитет.

Полицијата соопшти дека сите загинати се мажи, дека минибусот имал молдавски регистарски таблички, како и камионот вклучен во првата несреќа.

Поврзани содржини