ПРИЈАВИ ЗА ЧЕТВОРИЦА ТУРЦИ Престојот во Македонија им бил нерегулиран

Полициската акција е спроведена во Аеродром во рамки на планот за пријавно-одјавна служба, при што лицата се приведени поради нерегулиран престој во државата.

159

Четворица турски државјани се приведени во Скопје поради нерегулиран престој на територијата на државата, информираат од СВР Скопје.

Приведувањето е извршено на 11.06.2026 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, на подрачјето на општина Аеродром, во рамки на спроведување на планот за пријавно-одјавна служба за месец јуни.






Полициските службеници при СВР Скопје ги привеле Б.М.Б. (21), К.У. (25), А.Е. (24) и К.Б. (24), сите државјани на Турција, поради нерегулиран престој во земјата.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе се преземат понатамошни мерки согласно законските прописи.

Поврзани содржини