ФЕКАЛИИ ПЛИВААТ ВО ПЕФКОХОРИ Истече канализација, забрането капење

Поради пукање на цевковод и истекување на канализација, властите воведоа привремена забрана за капење на плажата „Акротири“ во Пефкохори, додека се чекаат резултатите од анализите на морската вода.

439

Поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод, Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на плажата „Акротири“ во туристичкото место Пефкохори на Халкидики.

Како што пренесува „Прототема“, општинските служби веднаш интервенирале и започнале со санација на дефектот. Истекувањето било брзо запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на погоденото подрачје.






За случајот биле известени и надлежните институции, меѓу кои Дирекцијата за јавно здравје и Центарот за унапредување на животната средина на регионалната единица Халкидики, кои треба да спроведат земање примероци и лабораториски анализи на морската вода.

Со одлука на заменик-гувернерот на Халкидики, забраната за капење се однесува на зона од 200 метри од двете страни на местото каде што дошло до истекувањето и ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите од анализите и проценката на квалитетот на водата.

Од Општина Касандра информираат дека се преземени сите неопходни мерки и дека состојбата континуирано се следи во координација со надлежните служби.

Поврзани содржини