🎥 МАЈКАТА НА АДРИАН ГАЏА СПОДЕЛИ ВИДЕО ОД ВРАЌАЊЕТО НА НЕЈЗИНИОТ СИН НА СЦЕНАТА Во мај годинава пејачот стана татко, а неговата сакана мајка – горда баба

Сузана Гаџа има прекрасен однос со двајцата свои синови, а особено е блиска со Адриан, со кој заедно работат во нивниот семеен ресторан во Скопје. Таа сега со гордост сподели видео од враќањето на сцена на синот кој гостуваше на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ

706

Мајката на Адриан Гаџа, Сузана, по концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ на кој нејзиниот син после долго отсуство од македонската сцена, настапи како специјален гостин, сподели видео од моментот кога целата сала воодушевено вреска по најавата на Врчак.






Адриан Гаџа беше еден од најпопуларните и најуспешните пејачи во 2000-тите години кај нас, но е популарен и на албанската и на косовската естрада, а ja претставуваше Македонија и на Евровизија 2008, заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Откако се повлече од музиката, тој е посветен на неговиот угостителски објект во Скопје, кадешто работи заедно со својата мајка со која има навистина близок и посебен однос.

Тој често објавува нивни заеднички фотографии, а зимава изненади со видео во кое таа, облечена во бел фустан и патики танцува пред ресторанот покажувајќи завидна младешка енергија, но и одлични танцувачки перформанси.

Инаку, во мај годинава (2026) пејачот ја направи својата мајка и горда баба, откако на 42 години за првпат стана татко и доби дете со својата убава сопруга, Сидорела Даути.

Поврзани содржини