🎥 СЕ КАРАЛ СО СИНОТ НА УЛИЦА, ГО ВРЗАЛ ЗА БАНДЕРА И ЗАМИНАЛ? Во Бања Лука уапсен маж за семејно насилство

На социјалните мрежи се појави видео од настанот, каде што може да се види млад човек врзан за столб, а набрзо доаѓа полицијата и го ослободува.

125

Во бањалучката населба Лауш денеска е уапсен маж под сомнение за семејно насилство, откако граѓани пријавиле вознемирувачки инцидент во кој тој го врзал својот син за бандера, пренесува порталот „Kliks.bа“.

Според информациите, минувачи биле сведоци на настанот и ја информирале полицијата, а полициски службеници набрзо интервенирале на местото на инцидентот.






На социјалните мрежи се појави видео од настанот, каде што може да се види млад човек врзан за столб, а набрзо полицијата се појавила и го ослободила.

На видеото се гледа и маж, за кој се претпоставува дека е таткото на младиот човек, како се расправа со полицајците.

Порталот Аtvbl.rs наведува дека станува збор за татко и син.

Поврзани содржини