ПАДНАЛ ОД ТРАКТОР И ПО ДВА ДЕНА ПОЧИНАЛ Синот го однел во болница, но лекарите не успеале да го спасат
В.А. (71) од селото Драгобраште излетал од патот со трактор на 6 јуни, но не побарал медицинска помош. Два дена подоцна бил пренесен во болница, каде што починал и покрај обидите за реанимација.
71-годишен жител на виничкото село Драгобраште починал два дена откако доживеал несреќа со трактор и се вратил дома без да побара лекарска помош.
Случајот бил пријавен на 8 јуни во Полициската станица Виница, откако лекар од Итната медицинска помош известил дека кај нив бил донесен В.А. (71), кој им подлегнал на повредите и покрај обидите за негова реанимација.
Според првичните информации, несреќата се случила на 6 јуни во вечерните часови на локален пат во селото Драгобраште. Додека управувал трактор, В.А. излетал од патот, но по несреќата заминал во својот дом без да побара медицинска помош.
Два дена подоцна, околу 9 часот наутро, неговиот син го однел во болницата во Виница поради влошена здравствена состојба. Оттаму бил препратен во болницата во Кочани, но набргу му се слошило.
Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид извршила екипа од ОВР Виница, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.