ЧЕКАЊЕТО НА „БОГОРОДИЦА“ ОД 40 МИНУТИ ДО ЧАС Дигиталните проверки се забрзуваат

Фотографирањето се прави главно само за оние кои сè уште не се во системот EES, велат туристите што утрово ја поминале границата.

141

На најпрометниот граничен премин на пат кон Грција, „Богородица“ – „Евзони“, утрово туристите чекаат околу еден час, при што не сите поминуваа низ системот EES, јави Фокус.

Патниците кои ја преминале границата во раните утрински часови денеска известуваат дека доцнењето на граничниот премин кон Грција било помеѓу 40 и 65 минути.






Фотографирањето се прави главно само за оние кои сè уште не се во системот EES, другите поминуваат побрзо, обично со отпечаток од десната рака, велат туристите кои ја преминале грчката граница.

Целосната имплементација на системот EES на шенгенските граници официјално започна на 10 април, но грчките власт најавија негова привремена суспензија кога бројот на возила на граничниот премин е преголем.

Поврзани содржини