📽️ БЕЛИ ВОЛЧИЊА СЕ РОДИЈА ВО ЗОО СКОПЈЕ Мајката внимателно ги чува во засолниште
Двете мали волчиња најголем дел од времето го минуваат во засолништа и дупки, а вработените успеале да ги фотографираат во ретките моменти кога излегуваат надвор.
Во скопската Зоолошка градина се родија две мали бели волчиња.
„Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волкчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката“, информираат од ЗОО Скопје.