ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ В сабота се затвораат улици поради голема трка
Поради ревијална трка во центарот на Скопје, во сабота од 17 до 18 часот ќе има посебен режим и пренасочување на сообраќајот.
Во Скопје утре (сабота) ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на ревијална трка што ќе се одвива во централното градско подрачје.
Како што информираат од МВР, сообраќајот ќе биде регулиран од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.
Стартот на трката е предвиден кај Порта Македонија, од каде учесниците ќе се движат по улицата Димитрие Чупоски, потоа десно по Васил Главинов, па право по булевар ВМРО, и лево по булевар Илинден до крстосницата со улицата Наум Наумовски Борче, кај Градскиот парк, во близина на споменикот на Гоце Делчев.
Во текот на одржувањето на трката, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на терен, со цел да се избегнат застои и да се обезбеди безбедно одвивање на настанот.