АМАЗОН ОБЈАВИ СОРАБОТКА СО ГЛОБАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ВИЗУЕЛНО ПРЕБАРУВАЊЕ PINTEREST Инвестицијата е вредна 4 милијарди долари

Станува збор за најголемиот договор за инфраструктура во историјата на Pinterest, кој има за цел да го забрза развојот на технологиите за вештачка интелигенција, да го подобри пребарувањето и купувањето на платформата, како и да ја модернизира глобалната платформа за визуелно истражување.

31

Американската платформа Pinterest денес објави дека се согласила да соработува со подружницата на Amazon, AWS, нејзиниот главен давател на услуги во облак, а новиот договор подразбира инвестиција од дури 4 милијарди долари за услуги во облак до 2031 година.

Станува збор за најголемиот договор за инфраструктура во историјата на Pinterest, кој има за цел да го забрза развојот на технологиите за вештачка интелигенција, да го подобри пребарувањето и купувањето на платформата, како и да ја модернизира глобалната платформа за визуелно истражување.






-Pinterest инвестира многу во вештачка интелигенција за да го направи откривањето содржини поперсонализирано, визуелно и поудобно за стотиците милиони луѓе кои ја користат нашата платформа секој месец – рече главниот директор за технологија на компанијата, Мет Мадригал.

Pinterest и AWS работат заедно од 2010 година, а новиот договор значително го продлабочува тој однос за да ја поддржи следната фаза од растот на Pinterest во областите на обука за модели на вештачка интелигенција, инференција и целокупна инфраструктура.

-Проширувањето на нашето партнерство со подружницата на Амазон ни обезбедува флексибилност, избор на хардвер и ефикасност на инфраструктурата потребни за забрзување на нашата визија – рече Мадригал.

Pinterest е водечка глобална платформа како визуелна пребарувачка која на корисниците им овозможува откривање, зачувување и споделување на креативни идеи. Најчесто се користи за инспирација во области како што се мода, внатрешен дизајн, рецепти, DIY проекти и патувања.

Поврзани содржини