🎥 ЏЕНИФЕР АНИСТОН ЗБОРУВАШЕ ЗА „ПРИЈАТЕЛИ“, ПА ГО СПОМНА И БРЕД ПИТ Поранешниот пар се појави заедно во една од епизодите на славната серија
32 години откако серијата почна да се емитува, нејзините ѕвезди сè уште со задоволство се присетуваат на спомените од снимањето
Ако ѕвездите на една од најпопуларните серии досега, „Пријатели“, сакаат едно нешто, тоа е повторно да се сретнат со своите стари колеги и да разговараат за тоа колку се забавувале за време на снимањето.
Иако сите останаа пријатели повеќе од 30 години откако беше снимена првата епизода од хит-ситкомот, тие најчесто се дружат во своите четири ѕида, па затоа обожавателите обожаваат кога понекогаш се појавуваат заедно на екранот.
View this post on Instagram
Сега, Џенифер Анистон и Лиза Кудроу се појавија заедно во серијата на Variety, „Actors on Actors“ и разговараа за старите времиња, нивните нови проекти и серии, се восхитуваа една на друга, а се осврнаа и на влијанието на вештачката интелигенција врз филмскиот свет.
View this post on Instagram
Меѓу другото, еден коментар што го направи Анистон не можеше да помине незабележано – таа направи редок осврт на својот поранешен сопруг, Бред Пит. Пит и Анистон беа во брак за време на снимањето на „Пријатели“, од 2000 до 2005 година, а актерот се појави како гостин во една од епизодите посветени на Денот на благодарноста.
Во интервјуто, Кудроу признава дека дури подоцна ги гледала сите десет сезони на „Пријатели“ и, сеќавајќи се на снимањето, вели дека најзабавно за неа било кога правеле грешки (т.н. „blooper“), додека Анистон ја праша: „Дали ти се допаѓаа епизодите за Денот на благодарноста? Беа забавни“.

Кудроу одговори: „Да. Тие епизоди за Денот на благодарноста беа одлични. Кога Бред беше во серијата, беше урнебесно“, вели таа, осврнувајќи се на епизодата во која Пит се појавува како стар пријател од средно на Моника и Рос по име Вил, кој, иронично, го мразеше ликот на Анистон, Рејчел.
– Знам. Колку смешно. Филмските ѕвезди кои се појавија во „Пријатели“. Бред, Брус Вилис, Џулија Робертс, Изабела Роселини. Имаше толку многу од нив – Шон Пен. Секогаш беа нервозни. Се сеќаваш? Секогаш ми беше фасцинантно колку беа нервозни – продолжи Анистон, додека Кудроу објасни дека ѕвездите актери секогаш биле нервозни на снимањето затоа што не знаеле во која форма треба да глумат: „Не е театар; за телевизија е. Не е филм. Што е ова, по ѓаволите? И тоа е добро прашање“, рече таа.
View this post on Instagram
Анистон и Пит имаа една од највозбудливите романси во Холивуд, ги поврзуваа од 1998 година. Две години подоцна, се венчаа на раскошна церемонија во Малибу, а потоа во 2005 година, целиот свет го следеше нивниот развод и неговата врска со Анџелина Џоли откако таа година работеше на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.
Анистон и Пит се во одлични односи во последните години, а актерот присуствуваше на забавата по повод нејзиниот 50-ти роденден во 2019 година. На церемонијата на доделување награди во 2020 година, двојката беше видена како се гушка и се смее зад сцената, што ги воодушеви обожавателите, а не е тајна дека и денес се пријатели.