СО ЛИЧЕН ПРИМЕР ДО ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА Марко Марк повикува на учество во платформата на dm „Иднина која инспирира“

Иднината која инспирира не е нешто што го чекаме. Таа започнува токму во овој миг - со мали, но искрени чекори што секој од нас може да ги направи и реализира.

25

Ова е пораката што познатиот водител Марко Марк ја споделува во своето видео, во кое зборува за својот личен придонес кон заедницата и упатува повик до граѓаните да се вклучат преку платформата „Иднина која инспирира“ на компанијата dm drogerie markt.

Марко потсетува дека секој од нас често останува во зоната на комфорт, убеден дека не може да промени ништо. Но, токму храброста да се излезе од летаргијата, индолентноста и меланхолијата што понекогаш тивко нè притиска, е првиот чекор кон тоа да станеме промената што сакаме да ја видиме околу нас.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Mark (@markomarkmm)

Неговиот начин на придонес е едноставен, но за него има огромно значење. Бидејќи велосипедот е негово секојдневно и единствено превозно средство низ Скопје, тој постојано забележува отпад во парковите, покрај патеките, булеварите и улиците. Наместо само да упатува забелешки, секој пат со себе носи мала вреќичка или кеса и се обидува барем мал дел од просторот низ кој поминува да го остави почист отколку што го затекнал.

– Затоа поттикнат од одличната кампања на нашите пријатели dm, „Иднина која инспирира“ го повикувам секој еден од вас да започне од себе. Со една идеја, едно добро дело или мал личен придонес пријавете го вашиот ангажман, волонтерство, идеја, личен проект и со тоа направете ја промената која сакате да ја видите бидејќи иднината која инспирира не ја создава некој друг. Ја создавате вие, сите ние, заедно. Пријавете се до 31 јули – порачува Марко Марк.

Токму оваа порака ја отсликува суштината на иницијативата „Иднина која инспирира“ – вербата дека промените започнуваат од поединецот, но добиваат вистинска сила кога ќе станат дел од заедничко движење. Иницијативата на dm е насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на граѓаните во обликувањето на заедничката иднина, преку споделување лични приказни, пријавување идеи и поддршка на проекти што отвораат простор за волонтерско учество.

Иницијативата се развива во три клучни области што ги обликуваат темелите на општество засновано на заедништво и меѓусебна поддршка: зајакнување на солидарноста и општествениот ангажман, поттикнување развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и одговорно дејствување во согласност со природата, засновано на одржливи практики.

Централниот механизам на иницијативата се реализира преку платформата, каде поединците можат да споделуваат приказни за своите лични искуства со општествен ангажман и да инспирираат други на следниот линк. Истовремено, организациите, здруженијата и институциите можат да пријавуваат проекти на конкурс на следниот линк, со услов тие да вклучуваат волонтерски ангажман на граѓаните или јасно дефинирана можност за волонтерско учество.

Пријавувањето трае до 31 јули 2026 година. Пријавените проекти наесен ќе бидат разгледани од стручно жири, а dm ќе ги поддржи избраните иницијативи со донација.

Преку личниот пример на Марко Марк, иницијативата уште еднаш потсетува дека секој придонес има вредност. Без разлика дали станува збор за волонтерство, личен проект, добра идеја или мал секојдневен гест, секој чекор може да биде почеток на промена што инспирира и други.

„Иднина која инспирира“ е повик до сите кои веруваат дека заедницата се гради со дела. Иднината која инспирира не ја создава некој друг – ја создаваме сите ние, заедно.

Поврзани содржини