ГЛАСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИ ДЕЛЕГАТИ Васил Стерјовски ќе предложи Резолуција за малцинските права
Преку предлог-резолуција лидерот на партијата на Македонците од Албанија пред европски делегати во Шпанија ќе го отвори прашањето за положбата, правата и предизвиците на македонското малцинство.
Лидерот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија ќе претстави резолуција за заштита и унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија. Васил Стерјовски, претседатели на МАЕИ, ќе ја образложи предложената резолуција пред делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што ќе се одржи во Гандија, Шпанија.
Од МАЕИ велат дека учеството на партијата на Генералното собрание на ЕФА претставува значајна можност за афирмација на прашањата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија пред европската јавност и институции.
Македонска алијанса за европска интеграција стана полноправна членка на ЕФА во 2024 година.
ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.