РАСТ НА БДП ОД 3,1% ВО ПРВОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ Градежништвото и финалната потрошувачка со раст повисок од 7%

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

22

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1% во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во градежништвото од 7,2% и во секторите „стручни, научни и технички дејности“ и „административни и помошни услужни дејности“ од 6,1%.






Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 86,4 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2026 година номинално растат за 1,8 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2026 година, во однос на првото тримесечје од 2025 година, е 3,3 %.

 

Поврзани содржини