ШТО ПРИЗНА ЏЕЈ ЛО ПОСЛЕ ЧЕТИРИ БРАКА? „Сè направив погрешно, требаше да го направам тоа порано“

Џенифер Лопез неодамна се појави во шуото „Џими Кимел во живо“, кадешто промовирајќи ја својата нова романтична комедија „Office Romance“, се осврна и на својот романтичен живот

67
Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна се појави во „Џими Кимел во живо!“ и се осврна на периодот по разводот и сподели дека денес гледа поинаку на врските и на животот како самец.
Лопез моментално ја промовира романтичната комедија „Office Romance“, која премиерно ќе се прикаже на Нетфликс на 5 јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)

Многумина се заинтересирани и за тоа што се случува на љубовен план во нејзиниот приватен живот.
Кога водителот Џими Кимел ја праша дали моментално е сингл, Лопез не го криеше фактот дека е сама и дека ужива во тоа.
– Да. Требаше да го направам порано. Сè направив погрешно, верувајте ми – коментираше Лопез, која во филмот ја игра извршната директорка Џеки Круз, која се вљубува во нов вработен.
Иако 56-годишната Лопез била во брак четири пати, таа откри во шоуто на Кимел дека не ја исклучила можноста за нова љубов во иднина.
– Некогаш ќе запознаам некого некаде ако е доволно добар – рече Лопез.
За потсетување, Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек во август 2024 година, нешто повеќе од две години по нивната венчавка во 2022 година. Разводот беше официјално одобрен на 6 јануари минатата година и стапи на сила на 21 февруари.
Иако нивната приказна немаше среќен крај, Џенифер Лопез и Бен Афлек беа еден од омилените парови на јавноста, а ја обновија својата романса во 2021 година, повеќе од 17 години по нивната прва свршувачка и одложувањето на венчавката што требаше да се одржи во 2003 година.
Поврзани содржини