📽️ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ БЛЕСНА НА ЗАМОКОТ ВО БРАТИСЛАВА Словачка ја пречека Сиљановска Давкова со високи државни почести
Црвено-жолтите бои синоќа го осветлија еден од најпрепознатливите симболи на словачката престолнина. Гестот е дел од традицијата со која Словачка ги пречекува шефовите на држави во официјална посета.
Еден од најпознатите симболи на словачката престолнина беше осветлен во црвено и жолто за посетата на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
„Забележавте ли…? Како што е обичај при официјални посети на шефови на држави, и вчера навечер на Братиславскиот замок беше осветлено македонското знаме по повод посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова“, објавија од кабинетот на словачкиот претседател.
Палатата соопшти дека замокот ќе остане осветлен и во текот на втората вечер од посетата.
View this post on Instagram