ПУКАЛ КОН ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГАЗИ БАБА Осомничениот приведен по потера

При обид за легитимирање во Гази Баба, 46-годишник испукал куршум кон полициски службеници и се обидел да избега.

0

Полицијата приведе 46-годишен скопјанец откако при обид за легитимирање извадил пиштол и испукал куршум кон полициски службеници на подрачјето на Гази Баба.

Инцидентот се случил во раните утрински часови, кога полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да го легитимираат мажот. Наместо да постапи по наредбата, тој извадил огнено оружје и испукал еден куршум во нивна насока.






По пукањето осомничениот побегнал, но по преземени оперативни мерки бил лоциран и приведен.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини