МУ ПОСРЕДУВАЛ ЗА КРЕДИТ, МУ „СТОПИЛ“ 310.000 ДЕНАРИ! Скопјанец жртва на измама

Скопјанец во неколку наврати давал пари за наводни трошоци за кредит кој никогаш не бил одобрен.

273

Скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 309.800 денари од лице кое му ветувало посредување при добивање банкарски кредит.

Според пријавата, 44-годишниот маж и осомничениот се познавале од претходно, а во изминатите денови во повеќе наврати му предавал пари за наводни трошоци поврзани со одобрување и реализација на кредитот.






Откако сфатил дека ветениот кредит нема да биде реализиран, случајот го пријавил во СВР Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавената измама.

Поврзани содржини