УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА БЕЗ КАМАТА „Водовод“ ги повика должниците да ги подмират сметките до петок

Граѓаните и компаниите со заостанати долгови за вода имаат уште неколку дена да склучат договор за отплата без пресметка на камата. Поволноста важи до 5 јуни.

0

Остануваат уште неколку дена до истекот на акцијата на ЈП Водовод и канализација што овозможува отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за доцнење.

Можноста може да се искористи најдоцна до 5 јуни. До тогаш корисниците можат да склучат договор за отплата на долгот на рати и да избегнат дополнителни трошоци по основ на камата.






„Без разлика дали станува збор за редовен или тужен долг, корисниците можат да ја искористат поволноста и да го регулираат долгот под поповолни услови“, наведуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Одлуката не ги опфаќа органите на државната и локалната власт, како и државните институции, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата, Град Скопје или општините.

Поврзани содржини