ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГО СМЕНИЈА ИМЕТО, ПА НАМЕСТО ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, ДОБИВМЕ ВЕТО ОД ФРАНЦИЈА, ХОЛАНДИЈА И ОД БУГАРИЈА Ќе нема уставни измени без гаранции од ЕУ
Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДСМ, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Промени на Уставот за внесување на Бугарите, без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци – нема да има, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
– Сите се сеќаваме дека последните измени на Уставот за промена на уставното име ги направија Венко Филипче и Зоран Заев, откако претходно беа убедувани дека тоа е последниот чекор на Македонија и утредента ние влегуваме во ЕУ. Да ја потсетиме јавноста дека СДСМ и ДУИ тогаш промовираа уставни измени за промена на името, после кои уверуваа дека следуваат бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме слика од владин авион – рече Манасиевски.
Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев, додаде тој, доведе до тоа да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија.
– Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДСМ. Уставни измени без гаранции нема да има – рече Манасиевски.