АЛБЕРТА ТРЕБА ДА ОСТАНЕ ВО КАНАДА За Карни референдумот за отцепување на сојузната држава е опасен блеф, сличен на Брегзит
Жителите на Алберта на 19 октомври ќе гласаат дали сакаат да останат дел од Канада, а во зависност од исходот подоцна би се одржал и обврзувачки референдум за независност на државата.
Канадскиот премиер Марк Карни го нарече „опасен блеф“ најавениот референдум за отцепување на сојузната држава Алберта, споредувајќи го со гласањето за Брегзит со кое Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија.
Карни, кој за време на Брегзит беше гувернер на „Bank od England“, изјави дека и 10 години по референдумот Британија „сè уште се обидува да го поправи она за што луѓето не мислеле дека гласаат, а на крајот го добиле“.
Тој предупреди дека гласањето за отцепување не смее да се користи како средство за зајакнување на преговарачката позиција на Алберта кон Отава, бидејќи тоа може да предизвика несакани последици.
Жителите на Алберта на 19 октомври ќе гласаат дали сакаат да останат дел од Канада, а во зависност од исходот подоцна би се одржал и обврзувачки референдум за независност на државата.
Во разговор со новинарите, Карни порача дека во наредните месеци ќе се залага за единството на Канада.
– Мораме да бидеме многу внимателни со ова. Постои силен и позитивен аргумент за Канада и за силна Алберта во обединета Канада – рече тој.
Поддржувачите на независноста на Алберта сметаат дека властите во Отава долго време ја маргинализираат покраината која е богата со нафта и дека федералните еколошки политики ја попречуваат изградбата на нафтоводи и на гасоводи, како и развојот на природните ресурси.
Анкета на канадската компанија „Ангус Рид“ покажала дека тројца од петмина жители на Алберта би гласале за останување во составот на Канада.