АПСЕЊАТА НЕ ГИ ОДВРАЌААТ ДА ГИ НАПАЃААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА СВОЕТО СЕМЕЈСТВО Полицијата уапси 4 лица во еден ден

За едно деноноќие пет пријави за семејно насилство.

74

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека четири лица се лишени од слобода.

Полициски службеници од СВР Тетово  вчера го лишиле од слобода Ш.А. (36) од истото село. Претходно, во во просториите на Одделението за криминалистичка полиција Тетово, неговата 57- годишна мајка, пријави дека во нивниот семеен дом, Ш.А. и се заканувал со нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.






Во Берово вчера е уапсен С.С.(42) од беровско, бидејќи претходниот ден во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга.

Вчера во ОВР Пробиштип, 41-годишна жена од Пробиштип пријавила дека истиот ден, во семејниот дом, по претходна расправија била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Т.Н.

Синоќа полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода О.Ф.(20) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна невенчана сопруга од Штип, дека додека престојувале во објект во близина на плантажи во Кавадарци, физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го уапсиле М.Н.(20) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош ѝ упатувал закани на неговата 55-годишна мајка, а притоа оштетил и дел од инвентарот.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини