УАПСЕНА МАЈКА НА БРЕМЕНО ДЕВОЈЧЕ Таткото е испрашан, но не е приведен

1,121

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. Мајката на девојчето е приведена, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител.

Реакцијата на полицијата почнала по пријава на универзитетската клиника каде што девојчето било донесено да се породи.






– На 24.05.2026  во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител-информира полицијата.

Поврзани содржини