🎥 ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО КАЛИФОРНИЈА, ЕВАКУИРАНИ 50.000 ЛУЃЕ Можна е експлозија во огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија

Откако открија пукнатина во резервоар во објектот GKN Aerospace  властите во областа Гарден Гроув предупредија на два можни исхода: експлозија што би расфрлала остатоци низ блиските домови и бизниси или истекување што би ослободило околу 26.500 галони метил метакрилат во земјата и воздухот.

321

Спасувачките екипи во Јужна Калифорнија се тркаат со времето за да спречат истекување или катастрофална експлозија на огромен резервоар исполнет со токсична хемикалија, додека десетици илјади жители продолжуваат да се евакуираат поради можни здравствени ризици и ризик од експлозија.

На околу 50.000 луѓе во округот Оринџ им беше наредено да евакуираат област од приближно 14 квадратни милји, при што многумина го поминаа викендот во засолништа или престојуваа кај пријатели и семејство. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба за областа, објави CNN.






Откако открија пукнатина во резервоар во објектот GKN Aerospace  властите во областа Гарден Гроув предупредија на два можни исхода: експлозија што би расфрлала остатоци низ блиските домови и бизниси или истекување што би ослободило околу 26.500 галони метил метакрилат во земјата и воздухот.

Метил метакрилатот (MMA) може да предизвика респираторни проблеми и иритација на кожата и очите по изложеност, според Агенцијата за заштита на животната средина (EPA).

Засега нема истекување, а властите континуирано го следат квалитетот на воздухот во областа.

Службениците планираат да ги разгледаат резултатите од синоќешната посета на објектот и да објават нови информации за заканата од експлозија.

Доколку се потврди дека притисокот е ослободен, властите би можеле да почнат да размислуваат за намалување на зоните за евакуација, „што е чекор што се очекуваме“, велат од противпожарната служба.

Властите прво реагирале на GKN Aerospace во Гарден Гроув во четвртокот поради истекување на пареа од резервоар за складирање. Еден од резервоарите во фабриката се прегреал и го активирал сигурносниот вентил и системот за прскање за ладење.

Но, вентилите на резервоарот биле „запушени“ и температурата внатре продолжила да расте, рекоа официјалните лица.

-Идеалната температура  за метил метакрилат е околу 10 степени Целзиусови – изјави во петокот шефот на противпожарната служба Крег Кови, предупредувајќи дека повисоките температури би можеле да доведат до протекување или експлозии.

Кога MMA се прегрева, таа предизвикува хемиска реакција што е тешко да се контролира во голем резервоар, објасни Елиас Пиказо, доцент по хемија на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

-Постои можност за термичка реакција – проблемот е што реакцијата произведува топлина, но топлината исто така ја поттикнува реакцијата, па затоа станува збор за маѓепсан круг – изјави Пиказо.

Затоа властите се обидуваат да го држат резервоарот што е можно поладен за да ги стабилизираат хемиските реакции внатре, објасни Елејн Бернал, предавач по хемија на Калифорнискиот државен универзитет во Лонг Бич.

Администраторот на EPA, Ли Зелдин,  изјави дека најверојатното сценарио е „мало истекување што локалните власти ќе можат да го следат, неутрализираат и локализираат“.

– Ова е итна интервенција во моментов. Ова сè уште не е интервенција за животната средина, а нејзиниот обем ќе зависи од тоа што ќе се случи кога резервоарот ќе откаже – рече тој.

На местото на настанот беа распоредени речиси 800 државни и локални служби за итни интервенции, вклучувајќи токсиколози, тимови за опасни материјали и експерти за јавно здравје.

Властите се обидуваа да ја зацврстат хемикалијата во резервоарот, процес што еден функционер го спореди со замрзнување на коцка мраз.

Порано беше кажано дека мерачот за температура на резервоарот достигнал максимум 100 степени, што го отежнува утврдувањето на вистинската температура внатре.

Компанијата GKN им се извини на евакуираните жители и бизниси во неделата и рече дека соработува со службите за итни случаи за „следење на состојбата на материјалите и работа деноноќно за ублажување на ризикот од протекување“.

Во меѓувреме, двајца жители, брачен пар што живее во зоната за евакуација, поднесоа тужба против компанијата GKN Aerospace. Тие тврдат дека компанијата била небрежна во складирањето и ракувањето со MMA, што предизвикало големи нарушувања во заедницата.

Поврзани содржини